Search

Париз: Најмалку 44 приведени во протестите на „Жолтите елеци”

Најмалку 44 лица се уапсени во денешните протести на „Жолтите елеци” во Париз, и за време на судири со полицијата.

Цел на демонстрантите повторно беа продавници за луксузни стоки близу до Триумфалната порта, а судирите со полицијата се случија кога демонстрантите почнаа да фрлаат чадни бомби и камења врз полициските службеници.

Полицијата употреби водени топови за да растера најагресивни демонстранти лоцирани помеѓу продавници на Картие и Мон Блан, а употреби и солзавец.

Демонстрантите запалија автомобилски гуми и кршеа излози, пред се луксузни продавници како Кензо и Лакост.

Ова е 18-та недела, на протести на „Жолтите елеци” против политиката на претседателот Емануел Макрон.

Треба да знаете
Последни објави