Search

Париз: Казни и апсења за време на протест на лекари

Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца се уапсени, за време на протест пред болницата „Робер Дебре” во Париз.

Демонстрантите барале поголема парична помош за болниците, кои, според француските медиуми, имаат финансиски проблеми, а полицијата интервенирала бидејќи, наводно, биле прекршени мерките за физичка дистанца.

Полицијата во еден момент побарала демонстрантите да заминат, а на оние кои одбиле им е изречена казна од 135 евра на самото место.

Незадоволните здравствени работници барале повисоки плати и подобри работни услови.

Треба да знаете
Последни објави