Search

Париз: Забрането собирање на повеќе од 10 луѓе, задолжително е носење маска

Во Париз е забрането е да се собираат повеќе од 10 лица ако не можат да се почитуваат епидемиолошките мерки, соопшти париската полиција.

Задолжителното носење заштитна маска, кое веќе е на сила на повеќе места во главниот град на Франција, е продолжено утрово во 08,00 часот на дел од Елисејските полиња и на централниот дел на градот каде се наоѓа музејот Лувр.

„Ако епидемиолошката состојба се влоши повторно, носењето маска би можело да биде задолжително низ целиот главен град”, додаде полицијата.

Маските се задолжителни од понеделник во некои делови на Париз, вклучително и на шеталиштата по должината на реката Сена.

Француската Влада вчера ги прогласи Париз и Марсеј и околината на тие градови за зони со висок ризик за инфекција со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави