Search

Паредес е повреден и нема да игра со Манчестер јунајтед

Играчот за врска на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од  шампионатот против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет во 11-та минута.

Според „Л’Екип”, Паредес нема да може да учествува на утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Оваа сезона, Паредес настапи на четири првенствени натпревари во Франција и заработи еден црвен картон.

Треба да знаете
Последни објави