Search

Папа Франциск: Уништувањето на шумите и биодиверзитетот е закана за сите нас

Папата Франциск денеска изјави дека забрзаното уништување на шумите и биолошката разновидност во многу земји не треба да се гледа како на локално прашање бидејќи претставува закана за иднината на целата планета.

Папата ја испрати пораката од Мадакаскар, четвртиот по големина остров во светот, кој според истражувачките институти, во последните 60 години изгубил околу 44 проценти од своите шуми, главно поради нелегалниот извоз на палисандрово дрво и слонова коска.

Поглаварот на Римокатоличката црква на средбата со раководството на Мадагаскар посочи и на ендемската корупција, која ја поврза со еднаква ендемска сиромаштија, како и и со илегалниот лов на диви животни и извоз на природни ресурси.

Треба да знаете
Последни објави