Search

Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија

Папата Франциск денеска ги повика државите да не ги враќаат мигрантите од небезбедните земји, како што е Либија, каде, според него, многу луѓе се злоупотребуваат и живеат во нехумани услови, слични на оние во концентрационите логори.

Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија се обидуваат да ги надминат разликите во начинот на справување со приливот на мигранти, прашање кое ја зголеми поддршката за националистичките и популистичките групи во Унијата.

– Треба да ставиме крај на враќањето на мигрантите во земји кои не се безбедни, рече папата, давајќи ги како пример „илјадници мигранти, бегалци и други луѓе на кои им е потребна заштита во Либија”.

Поглаварот на Римокатоличката црква повика дека „мора да се даде приоритет на спасувањето на мигрантите на море, нивното организирано пристигнување на копно, алтернативите за нивно испраќање в затвор и договорените процедури за имиграција и добивање азил”. Тој побара од меѓународната заедница „да ги исполни своите ветувања” и да најде трајни решенија за миграциските бранови.

– Многу од овие мажи, жени и деца (во Либија) се предмет на нехумано насилство. Колку страдаат оние кои се вратени назад! Таму има вистински кампови. Никогаш не ве заборавам. Ги слушам вашите лелекања, истакна папата Франциск.

Треба да знаете
Последни објави