Search

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир во целиот свет со другите верски поглавари.
Папата носеше бела маска за време на службата во римската базилика „Санта Марија“ во Аракеола, објави „Ројтерс“.

Тој претходно носеше маска само во автомобилот што го превезуваше до неделната аудиенција во Ватикан. Поради тоа, наиде на критики, особено на социјалните мрежи, затоа што не носи маска, а понекогаш доаѓа и во релативно близок контакт со посетителите.

Папата Франциско (83) присуствуваше на служба со другите поглавари на христијанските цркви вклучувајќи го вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, духовниот водач на православните христијани. Во исто време, на други локации во Рим, Евреите се молеа во градската синагога, а будистичките, хиндуистичките и муслиманските водачи исто така се молеа за мир.

Треба да знаете
Последни објави