Search

Папата Франциско не е заразен со коронавирус

Папата Франциско е негативен на коронавирусот, пренесе денеска италијанскиот печат.

Според новинската агенција „Анса“, тестирањето на поглаварот на Римокатоличката црква било извршено во хотелот „Каса Санта Марта“, во кој живее папата, бидејќи еден од службениците во Ватикан бил позитивен на новиот вирус.

Папата, како и секој ден, утрово спроведе утринска миса во својата резиденција.

Тој веќе беше тестиран на коронавирусот на почетокот на месецот кога, како што соопшти тогаш Ватикан, имал само обична настинка.

Треба да знаете
Последни објави