Search

Папата со критика до луѓето кои не сакаат да носат маски

Папата Франциск не покажува разбирање за демонстрантите кои се спротивставуваат на ограничувачките мерки, особено на таа за носењето маски, додека за луѓето кои протестираа по насилната смрт на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кажа дека го изразиле „здравиот бес” против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбиваа да држат дистанца, маршираа против забраната за патување – како мерките наметнати од владите да се еден вид политички напад врз личната слобода”, напиша папата во новата книга, а пренесе „Гардијан”.

Папата го поддржува носењето маски, како форма на заштита од коронавирусот.

„Истите тие луѓе кои протестираа против ограничувачките мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту, пак, би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, нив тоа не ги тангира, нема да протестираат затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси”, додаде папата Франциск.

Треба да знаете
Последни објави