Search

Папата именуваше 13 нови кардинали

Папата Франциско вчера именуваше 13 нови кардинали од целиот свет, фокусирајќи ја на тој начин иднината на Католичката црква на луѓето кои ја делат неговата визија за социјална правда, права за имигрантите и дијалогот со исламот.

Десет од 13 новоназначени кардинали имаат под 80 години и можат да учествуваат во конклавата за избор на нов папа.Во моментов, меѓу 128-те кардинали со право на глас, половина се оние назначени од папата Франциско, што ја зголемува можноста следниот Папа да продолжи да ги спроведува неговите политики.

Новите кардинали се идеолошки блиски до папата Франциско, кој става акцент на лошата позиција на мигрантите и сиромашните и промовира дијалог со други вери.Церемонијата на назначувањето на новите кардинали од Европа, Америка, Азија и Африка се одржа во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Два од кардиналите се од земји со муслиманско мнозинство – Индонезија и Мароко.

„Мислам дека Папата сакаше да ги направи видливи црквите коишто се речиси невидливи“, рече кардиналот Кристобал Лопез Ромеро од Рабат, главниот град на Мароко.

Другите кардинали се од Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Литванија, Конго, Гватемала, Куба, Канада и Ангола.

Треба да знаете
Последни објави