Search

Папата го поддржа светскиот Пакт за миграции

Папата Францискo го поддржа Пактот за миграции на Обединетите нации и ја повика меѓународната заедница да работи ,,одговорно, солидарно и со сочувство” кон мигрантите.

Обраќајќи се пред илјадници верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата на својата неделна молитва рече дека светскиот Пакт за сигурна, уредна и редовна миграција е усвоен минатата недела во Маракеш во Мароко.

,,Се надевам дека благодарејќи на светскиот пакт, меѓународната заедница ќе може да делува со одговорностм солидарност и со сочувство кон оние кои од различни причини ја напуштиле својата земја”, рече папата, за кој одбраната на мигрантите е една од главните теми.

Повеќе од 150 земји минатиот понеделник го усовија Пактот за миграции.

Треба да знаете
Последни објави