Search

Папата ги повика светските лидери да даваат пари за истражување, а не за оружје

Папата Франциск ги повика светските политички лидери парите наместо за оружје да ги насочуваат кон истражување, со цел да спречат нова пандемија, како што е сегашната на коронавирусот.

Папата предводеше молитва во Ватиканската градина, најголемиот собир во седиштето на Римокатоличката црква по речиси три месеци, на кој присуствувале околу 130 луѓе, вклучувајќи и претставници на оние кои се борат на првите линии на фронтот против коронавирусот – по еден лекар, медицинска сестра, фармацевт, новинар и службеник за граѓанска заштита, како и оние кои закрепнале од инфекцијата.

Тие се молеа во градината на рози во Ватикан, а преку видео-врска им се приклучија десетици илјади верници во педесет римокатолички цркви низ целиот свет.

Повеќето присутни носеа маски но не и папата Франциск кој поголемиот дел од службата седеше на неколку метри од другите.

На крајот на молитвата, папата ги повика светските лидери да бидат по далековидни, да им помогнат на оние на кои најмногу им е потребна помош и да донесат долгорочни економски и социјални решенија.

Треба да знаете
Последни објави