Search

Папараци ја снимија бремената ќерка на Клинтон додека се шеташе во Њујорк

Челзи Клинтон (39), ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72) и поранешната прва дама Хилари Клинтон (71), е неуморна и во последните недели од бременоста во кои е посветена на нејзиното семејство. Папараци ја снимија додека се шеташе во Њујорк со својата ќерка Шарлот (5) и синот Ајдан (3), кои, како што вели, ги подготвува за доаѓањето на приновата во семејството.

Челзи се шеташе во паркот, но и покрај тоа што се обиде да се скрие под капата, папараците ја препознаа ќерката на поранешниот претседател која наскоро ќе се породи.

„Марк и јас уживавме гледајќи ја Шарлот, која е прекрасна постара сестра, а сега сме возбудени бидејќи Ајдан ќе стане постар брат”, напиша таа во јануари, а потоа откри дека нејзиното бебе доаѓа кон крајот на летото.

Челзи е во брак со банкарот Марк Мезвински (41) од 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави