Search

Паолучи: Одговорот на кризата на властите навремено и се уште потребен, мерките насочени кон ранливите

  Одговорот на Владата за справување со кризата во земјава беше навремен. Одговор имаше и се уште има, но јасно е дека треба да продолжи, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилиано Паолучи.
– Во Северна Македонија, како и во секоја земја има влијание од пандемијата врз економијата и тоа влијание зависи од капацитетот на земјата. Најраните и најјаките мерки ќе го намалат влијанието особено врз ранливите. Властите имаат воспоставено одговори и тоа навремен одговор во ресурси. Некогаш има одложување, бидејќи имавме избори, кои, исто така, имаа одредено влијание врз континуитетот и во брзината на доставување, но имаше одговор и се уште има и јасно е дека одговорот треба да продолжи и да се одговори како да се воспостават економските позиции на одржлив начин,  изјави на заедничката прес-конференција Паолучи со министерот за економоја Крешник Бектеши и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
Тој порача дека мерките во овој момент треба да бидат целни и особено да се земат предвид ранливите категории.
Потенцира дека треба да се продолжи со политиките во кои на прво место ќе биде ставено здравјето, бидејќи ако не се обрне внимание на здравјето ќе има зголемување на влијанието  на економскиот аспект на пандемијата, тоа се интервенциите од Владата кои се потребни во овој момент и дека треба да се фокусираме на реформи кои се клучни за да се обнови, одржи и зголеми растот.
Треба да знаете
Последни објави