Search

Панчев: Во Вардар се случуваше нешто чудно, раководството може да одговори каде се парите

Фудбалерот на 20 век, легендарниот голгетер на Вардар, освојувачот на „златната копачка“ на Европа, Дарко Панчев не е повеќе дел од раководната структура во својот матичен клуб. Панчев по вторпат ги напушта „црвено-црните” каде добиваше раководни функции. Заминал од клубот каде ја доживеа својата афирамција затоа што очебијно се случувале чудни работи.

Панчев во разговор за „Вечерњи лист“ ја коментира состојбата во најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија, кој повеќе од една година е во криза. Вардар во сезоната 2017/18,  стана првиот макеоднски клуб кој избори настап во групната фаза од Лига Европа. Успехот од УЕФА беше дебело награден со околу 5 милиони евра. Но, наместо напредок, клубот веднаш западна во криза. Почна да доцни исплатата на платата, се должеаа и по неколку месеци, играчите почнаа да си заминуваат со минимлна отштета или за ич пари од клубот, а  капак на повеќемесечната криза беше и недобивањето на лиценца за нов настап во Европа, иако и во вакви услови играчите ја изборија на теренот.

-Во Вардар се случуваше нешто чудно. Со Илија Најдоски дојдовме за да го подобриме квалитетот на составот и да го направиме клубот поконкурентен во Европа. Многу брзо успеавме во тоа и направивме големо изненадување кога го елиминиравме Фенербахче и се пласиравме во групната фаза – вели Панчев, кој во 2017 година ја доби функцијата спортски директор.

-Клубот заработи добри пари од настапот во групната фаза во Лига Европа. Очекувавме луѓето кои го водат да ги инвестираат овие средства во ангажман на подобри играчи за Вардар да стане посилен и поконкурентен. За жал, се случи спротивното, во следнита година снема пари, играчите си заминаа и не беа донесени соодвени замени, па резултатите беа катастрофални. Со Најдовски видовме дека нема ништо од она што беше договорено на почетокот, затоа полека почнавме да се повлекуваме и повеќе не сме дел од Вардар. Зошто вака се одвиваа работите, можат да објаснат само луѓето кои го водат клубот- посочува вардаровата легенда.

Треба да знаете
Последни објави