Search

Панчевски: Јас го разоткрив криминалот во СЈО, народот го препознал тоа

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски е симбол за прогонот на власта врз правосудниот систем бидејќи го разоткрил криминалот во СЈО, вели тој за Фокус. Претходно на Фејсбук, Панчевски праша дали „навистина го предлагаат или го посочуваат како лош пример“, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител, го предложи за шеф на обвинителството за организиран криминал и висока корупција кое ќе треба да ги преземе предметите на СЈО. Тој, сепак, смета дека е компетентен за таа позиција.

-Видете јас сум симбол на прогонот на власта врз правосудниот систем кој го отворија како пупка, јас сум симболот со кој се разоткри криминалното работење на Катица Јанева и Ленче Ристоска уште пред две години со претресот врз мене и кражбата на клучот. Веројатно некој, но најповеќе народот го препознал тоа!, изјави Панчевски за Фокус.

На прашањето зошто тогаш дел од народот го сфаќа овој предлог како несериозен, тој вели:

“Секогаш ќе има различни мислења не сме сите исти! Катица Јанева е инволвирана во ракетарски случај поврзан со милионски суми, Панчевски нема суми зад него иако медиумите под политичка палка го направија корумпиран судија, тоа се ќе исплива кога тогаш, кој за кого одработувале“

https://fokus.mk/panchevski-jas-sum-simbolot-so-koj-se-razotkri-kriminalot-vo-sjo-narodot-go-prepoznal-toa/

Треба да знаете
Последни објави