Search

Панчевски: Ме исфрлија како партал од Судот

Судијата Владимир Панчевски, утрово на својот фејсбук профил напиша дека бил исфрлен од судот. Панчевски е обвинет во случајот „Акмис“, за делење на предмети на рака на судии, во времето кога беше претседател на Кривичниот суд.

-Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.

Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!

Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави