Search

Панорамскиот лифт крај кружните скали во ГТЦ е урнат

Откако по реакцијата на граѓаните пред еден месец беше стопирана градбата на панорамскиот лифт на влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ), кај вртените скали, денеска е урната и железната констукција. Панорамскиот лифт нема да се гради и да го нарушува изгледот на еден од симболите на модерна архитектура во Скопје.

Раководството на ГТЦ вели дека го послушало гласот на граѓаните и се откажало од намерата да изгради панарамски лифт кој ќе беше наменет за лицата со хендикеп до паркот кој е направен на кровот на ГТЦ.

За изградбата на овој панорамскиот лифт планирано беше да се потрошат 4 милиони денари односно 65.000 евра.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по реакцијата на граѓаните и стучната фела тогаш изјави дека на ГТЦ не му треба панорамски лифт и тоа го спореди со замислата ГТЦ да биде „облечен“ во  барокна фасада.

Треба да знаете
Последни објави