Search

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се опишуваат како напад на продавниците.

Во земјата се пријавени повеќе од 200 случаи на зараза со коронавирус и седум смртни случаи. Премиерот на Италија, Џузепе Конте, изјави дека 50.000 жители во 12 града во северна Италија би можеле да поминат неколку недели целосно отцепени.

Локалното население, како што пишуваат медиумите, веднаш почнало со купување резерви храна. Голем број луѓе се појавија пред супермаркетите носејќи маски, а се формираа и долги редици за купување. Се очекува дека набргу би можело да има недостиг и на пакувана вода.

Треба да знаете
Последни објави