Search

Паника во црква во Минхен: Маж влегол помеѓу верниците кои се разбегале мислејќи дека е терорист

Во католичката црква Свети Павле во Минхен завладеала паника, бидејќи влегол непознат маж и почнал да вика. Како што пренесува „Индекс.хр“, во моментот во црквата имало Хрвати кои успеале да го совладаат.

Според изјави на очевидците, станува збор за Африканец кој влегол помеѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алах акбар).

Собраните почнале да бегаат бидејќи помислиле дека станува збор за терористички напад. Веднаш била повикана полицијата која пристигнала во голем број и го привела мажот.

Локалните медиуми пишуваат дека се работи со маж со психичко пореметување.

„Почна да гестикулира и да извикува неразбирливи зборови, тоа ги исплаши посетителите на црквата“, соопшти полицијата.

Мажот бил уапсен, а полицијата истакнала дека не претставувал опасност за луѓето во црквата.

Треба да знаете
Последни објави