Search

Паника во Франција поради Кинезинка која се пофалила дека ја измамила аеродромската контрола

Кинеската амбасада во Париз соопшти дека пронашла жена од Вухан, која на социјалните мрежи објавила дека земала апчиња за намалување на температурата за да ги помине здравствените контроли на аеродромот. Амбасадата потврди дека нејзините симптоми сега се под контрола.

Жената го напуштила Вухан пред да бидат суспендирани летовите поради новиот корона вирус, од кој досега починаа 26 лица, но термометрите веќе постоеле на аеродромите.

Таа на социјалните мрежи објавила фотографии од вечерата во ресторан во Лион, јавува „Би-би-си“.

„Пред да заминам, имав слаба треска и кашлица. Се исплашив до смрт и побрзав да земам лек за да ја намалам температурата. За среќа, успеав да ја спуштам и да излезам без проблем“, напишала жената на социјалната мрежа.

Нејзиниот пост брзо се раширил и бил критикуван од многу корисници.

Кинеската амбасада во Париз соопшти дека добиле повици и мејлови за жената која земала антипиретици и дека биле во контакт со неа и ѝ советувале да се јави на лекар.

Во новата изјава од амбасадата се вели дека температурата на жената е под контрола, дека таа веќе нема треска ниту симптоми на настинка и дека нема потреба од нови испитувања.

Треба да знаете
Последни објави