Search

Паника во Грција по пеколната ноќ, дел од Македонците се враќаат

Илија и Влатко од Скопје со семејствата ноќеска доживеале вистински хорор кога околу два часот по полноќ менаџерот на хотелот на едниот и газдарицата на апартманите на другиот ги разбудиле со врескање и со предупредување да не излегуваат надвор од апартманите. Едното семејство е сместено во Неа Мармарас каде ветрот корнел цели дрвја сосе корења, а другите поминале полесно само со откорнати чадори и лежалки близу до Вурвуру. Илија за 24 инфо вели дека денес никој не е на плажа, сите се во исчекување за новите врнежи попладне, а дел од туристите сместени во неговиот хотел се пакуваат и си заминуваат накај дома по околни патишта бидејќи некои се непроодни од одрони и дрвја.

-Почна да врне околу 10 часот и ништо не навестуваше дека ќе има невреме. Легнавме околу полноќ, и не ни беше јасно што се случува кога менаџерот на хотелот почна да тропа по вратите на собите и да прашува дали сите сме тука. Ни даде кабаници и ни реше сите коли кои се под дрвја да се тргнат веднаш бидејќи имало предупредување од четврт степен зза невреме- вели  Влатко.

Е тогаш почнала и вистинската паника кога почнале да летаат сламени чадори и лежалки по плажа. Снемало струја околу 2 часот, а утрово од пет часот служби го чистеле теренот.

-Сега на плажите нема никој, но нема ни трага од невремето. За неколку часа се собраа искршените чадори и лежалки, но плажата е пуста. Нема жив човек. Сите се по собите и чекаат ново невреме кое е најавено за попладнево. Дел од нив веќе и си заминаа, но по околни патишта зошто на некои сеуште има препречени дрва- вели Влатко.

Очевидци за 24 инфо велат дека ден ден по моќна бура што го погоди Халкидики, во која шест лица загинаа, а околу 100 се повредени, ситуацијата се смири, но постојат многу останати проблеми. Око 80 проценти од Халкидики остана без електрична енергија, а најпогодени од Касандра и Ситхониа. Некои делови од градот останаа без снабдување со вода, а некаденема ниту телефонски линии и интернет. Плажата во Неа Потидеа изгледа како да е бомбардирана, и околните продавници претрпеле значителна штета.

Грчките медиуми денес објавува податок дека 108 лица се повредени главно со фрактури, од кои четворица се сериозно, но и тие се надвор од животна опасност. Меѓу полесно повредените се и туристи од Србије. Властите во Грција прогласија вонредна состојба, но се очекува да врне и во наредните денови.

По социјалните мрежи од синоќа кружат фотографии каде се гледа како е откорнат кров на бензиска пумпа во Неа Потидеа, направени се огромни штети на покривите на згради и приватни автомобили. Во Криопиги се паднати стебла, па сообраќајот тешко се одвива, во Ханиоти и Неа Мармарас е, исто така, патот е затворен поради паднати дрва.

 

Засега билансот на мртви е шестмина. Чешката двојка починала кога се превртел трајлерот, а починати се и двајца Романци и двајца Руси. Засега нема информации за повредени Македонци.

Тајлер Роуз, европски метеоролог вели дека денес невремето се сели во Централна Италија и до јужниот дел на Балканот.

– Јас сум особено загрижен за обилните дождови, бидејќи тие можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија – вели Роуз. Невремето во централниот дел на Италија, исто така, може да доведе до силни ветришта и градови, што може да создаде проблеми и на патиштата. Невремето во придружба на грмотевици се предвидува денес и во јужна Србија, а во вечерните часови во северна Македонија, Грција и Бугарија. Ова, исто така, ќе го загрози ризикот од поплави и силни ветришта на Балканскиот Полуостров, Слична прогноза денес го чека и Истанбул. Потивко време на Балканот може да се очекува во петок, но постои можност бурата да се врати за време на викендот.

За сите кои се на одмор во Грција Роуз вели дека можат да очекуваат две сценарија: во централниот и јужниот дел на Грција температурите ќе продолжат да бидат високи, додека бура е се предвидена за северниот дел на земјата, велат од метеоролошката станица во Атина.

Во јужниот дел на Грција, температурата ќе се движи од 40 на 42 степени, додека на север ќе се забележи голем пад на температурата.

Во Србија пак Републичкиот хидрометеоролошки институт предупреди денеска дека југозападениот дел од Србија во текот на денот ќе има врнежи и грмотевици, што ќе биде проследено со силни и бурни ветрови, град и повисоки врнежи.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави