Search

Панел „Визија за ЕУ и Западниот Балкан”: Неопходно е да се поттикне процесот на проширување

Потребно е повторно да се поттикне динамиката на процесот на проширување односно нов почеток на проширувањето за да се овозможи исполнување на ветувањата на регионот во однос на неговата интеграција во ЕУ. Потребни се дејства на теренот за да се потврди пораката дека членството на Западен Балкан во ЕУ е споделен стратешки избор. Ова беше истаскнато на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан – Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?” во рамки на Вториот Самит за Западен Балкан кој денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист”.

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала во видео обраќање на форумот потсетувајќи се на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун 2003 година и јасната порака за европерспективата на целиот регион, рече дека сега перцепцијата на многумина е дека има забавување на процесот.

– Прашањето за проширувањето на ЕУ, мислам дека не треба да се обвинува Западниот Балкан за тоа. Други зборуваат за земји како Унгарија и Полска, кои имаат тргнато по погрешен пат. Повторно, кој е виновен за тоа и дали ЕУ го реформираше процесот на преговарање врз основа на демократскиот развој или не, изјави Папандеру.

Не само Западен Балкан, туку и поширокиот Балкан, посочи Папандреу, и покрај нашите конфликти во минатото отсекогаш имал историска визија на заедничка работа и мора да работиме заедно, да направиме демократски реформи и промени за навистина да станеме еден просперитетен регион.

-Меѓутоа, не сум сигурен, дека тоа наскоро ќе може да стане реалност. Мислам, дека ова е огромна историска одговорност на ЕУ. Народите во овој регион навистина сакаат демократски балкански општества, соработка, мир и просперитет. Она што ЕУ може да направи е да гарантира и каже дека постојат изгледи и јасен патоказ и еве како ќе се движиме напред. На тој начин, повторно да се поттикне динамиката, која што е потребна и за која зборуваат многумина од премиерите, изјави Папандреу.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, рече дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, овозможи повторно да се потврди пораката дека членството на Западен Балкан во ЕУ е споделен стратешки избор.

-Лидерите изразија заедничка визија за проширена ЕУ, која што врз база на европските вредности и принципи ќе ги вклучи сите земји од Западниот Балкан, со почит на демократијата, човековите и социјалните права, истакна Гир.

Западниот Балкан, нагласи тој, географски е опкружен од земји-членки на ЕУ и природно е дел од Европа, а тоа нуди големи можности во поглед на поврзаноста, трговијата, транспортот, блискоста до европскиот единствен пазар, дигитализацијата, човековиот капитал и тн.

-И ЕУ е соочена со слични предизвици и нашите одговори на овие предизвици секогаш ќе бидат несоодветни, доколку не ги земеме во предвид сите земји од регионот. Ова го констатиравме и со пандемијата и со пожарите кои се случуваа ова лето, изјави Гир.

Ревидирањето на преговарачката рамка, нагласи Гир, е од витална важност за да се обезбеди стабилност во ЕУ и отпорност на самите земји со нивното пристапување.

-Ова бара партнерите да бидат одлучни во спроведување на бараните реформи на одржлив начин, а од ЕУ бара тие да продолжат да демонстрираат дека нивниот пристап е базиран врз исполнетите перформански. Многу е важно да отпочнат преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија, затоа што и двете земји ги испорачаа реформиет и ЕУ е посветена на ова од март 2020 година. Исто така, е во интерес на ЕУ, да возвратат согласно очекувањата. Мора да работиме на остварување на овие цели, најбрзо што е можно, изјави Гир.

За поранешниот германски вицеканцелар и МНР Јошка Фишер нема сомнеж дека Западниот Балкан припаѓа и мора да припаѓа во Европа, но ЕУ во моментов, вели, е во една многу сложена ситуација, соочена со низа внатрешни предизвици како, Полска и Унгарија, Брегзит, прашањето на Северна Ирсака, и тоа  го блокира процесот на проширување.

-Ситуацијата во ЕУ не оди во прилог на проширувањето, но мора да се размислува геополитички што ќе се случи во едно ривалство, можеби и конфликт меѓу двете супер сили во 21 век САД и Кина . Што би била нашата улога а одговорот е на едно теоретско ниво а тое е стратегиска автономија. Можам да им препорачам на државите во регионот да ги решаваат овие прашања не само во Брисел туку и во Париз и Берлин. Тоа значи да се создаде долгорочен стабилен поредок, мир и просперитет во Западниот Балкан. Тоа е само теоретска фантазија, мислам дека ЕУ е одговорна за нејзиното непосредно соседство. Но ЗБ е повеќе од соседство, тоа е дел од Евопа и тоа треба да се разгледува како една можност за нов почеток на проширување. Колку подобро работите дома толку полесно може да ги убедите европејците да се продолжи со пристапниот процес, вели Фишер.

Според него, тоа нуди голема можност заедно со политичарите од регионот заедно да работиме на процесот на проширување како процес на стабилност.

– Потребен ни е нов почеток на процесот на пропширување и тоа треба да се поврзе со прашањето на стратешка автономија.Тоа ќе ги отвори вратите во менталниот склоп на Европејците. Така што не сум песимист, треба јасно да се каже ЗБ припаѓа на Европа и точка. Второ треба да работиме навистина напорно и да ги искористиме сите придобивки од пристапниот процес во економска политичка и општествена смисла и трето не е мудро да се отворат вратите за неевропски актери како Кина. Тоа може да даде бенефит на кус рок, но на подолг рок ќе го ослабне процесот на проширување. Во таа игра меѓу Кина и Западот на долг рок тоа може да биде доста опасно за пристапувањето кон ЕУ. Не треба да бидеме песимисти има многу причини за оптимизам, вели Фишер.

Според вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, примена е многу јасна порака од самитот во Брдо, дека ЕУ е посветена на процесот на проширување и на одлуките кои таму и беа донесени, што не беше спомнато на последните самити во Загреб и во Софија, а беше јасно дадено ветување од самитот во Солун 2003. Тој се надоврза на Јошка Фишер во однос на прашањето зошто дојде до проширувањето, но и зошто треба да продолжи со конкретни дејства.

-Мирниот политички поредок на регионот е тесно поврзан со европската интеграција. Ако ја изземеме оваа цел, ова ветување ќе влезат во игра некои алтернативи, а тоа го имаме видено во 90-те како искуство. Значи обединетиот Балкан е единстгвено можен доколку имаме функционален процес на европска интеграција и потцртани и повторени ветувања како оние дадени во Солун. Она што недостасува освен јасната политичка порака е дејствување, акција на терен, рече Димитров.

Тој додаде дека според актуелната состојба во регионот, последното поглавје за Србија се отвори во декември 2019, за Црна Гора во јуни 2020, ние и Албанија добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и се уште не можеме да ги почнеме, Косово ги испорача барањата во однос на либерализацијата на визниот режим но и тоа не се случило, а БиХ се уште е потенцијална земја кандидат.

-За враќањето на довербата на луѓето дека ова е можно да се случи потребна е акција. Не е фер да се обнвини ЕУ за ова бидејќи таа е комплексен механизам. Има 27 членки и потребна е само една земја да спречи донесување на некоја одлука по однос на проширувањето. Сметам дека за да го отвориме ова ново поглавје, да се врати моментумот на Балканот, потребно е соседите од Софија да ја преземат својата обврска. Многу зборуваме за заедничка историја, но имаме и заеднички регион и ние треба да имамме заедничка европска иднина. Значи време е да се покаже лидерство, но и одговорност, бидејќи сите ние ја губиме шансата, моментумот на Балканот. А да се врати оваа шанса и да се преобрати за доброто на сите мора брзо да дејствуваме, вели Димитров.

Димитров, повикувајќи се на силниот ангажман на Меркел и Макрон за надминување на спорот и јасната поддршка од холандскиот премиер Руте, оцени дека прашањто со Бугарија треба да се реши бидејќи влогот е висок за целиот регионот, и додаде дека нашата Влада е за пријателството со Бугарија и оти е вистинско време да се преземе одговорност и лидерство.

-Мораме да имаме разумно европско решение усогласено со европските стандарди кое исто така ќе го почитува и дигнитетот на македонските граѓани. Да се биде земја членка не е слободна лиценца, со  дозвола да се прави што се сака. Постои легитимен интерес на секоја земја да ги остварува своите национални интереси меѓутоа ова мора да е усогласено со европската политика ако зборуваме за приклучувањето кон ЕУ, рече Димитров.

Треба да знаете
Последни објави