Search

Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга продава идентитет, јазик и историја, да се обединиме и да му кажеме доста е, време е за оставка

Благодарам на сите што присуствувате на денешното обраќање во име на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што сакам да ви го кажам на почетокот е што предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро.

Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ.

Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја.

Од тука повикуваме оставка на Заев и слобода на народот.

Треба да знаете
Последни објави