Search

Пандемијата пружа увид во тоа што не очекува со климатските промени

Пандемијата со новиот коронавирус ни дава увид во глобалните здравствени закани што ќе се појават, како што планетата станува потопла, а начинот со кој се бориме може да влијае и на соочувањето со климатските промени, изјавија здравствени експерти на Светскиот Скол форим за социјално претприемништво.

– Со Ковид-19 можеме да имаме подобар увид за итност отколку преку влијанието на климатската криза. Растечкото уништување на шумите и ширењето на земјоделството доведуваат до климатски промени и луѓето во поблизок контакт со болестите на дивите животни, изјави Мандип Даливал, директорка за ХИВ, здравје развој во Развојната програма на Обединети нации.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болестите пандемијата со новиот коронавирус почна од лилјаците, а инфекцијата е поврзана со големите пазари за животни во кинескиот град Вухан.

– Заканата по белите дробови, како што е загадување на воздухот, предизвикано од употреба на фосилните горива, што исто така ги покренуваат климатските промени, ги прават луѓето ранливи на респираторните болести како коронавирусот, посочи Даливал.

Додека Лиз Диболд од калифорниската фондација Скол, изјави дека Ковид-19 ни понудил и некои позитивни лекции за климатската акција.

Ковид-19 навистини ни покажа како човештото може да се обедини за заедничка цел, феноменално брзи промени се можни дури и за наизглед нерешливите проблеми, посочи Диболд.Лондон, 1 април 2020 (МИА) – Пандемијата со новиот коронавирус ни дава увид во глобалните здравствени закани што ќе се појават како што планетата станува потопла, а начинот со кој се бориме може да влијае и на соочувањето со климатските промени, изјавија здравствени експерти на Светскиот Скол форим за социјално претприемништво.
Со Ковид-19 можеме да имаме подобар увид за итност отколку преку влијанието на климатската криза. Растечкото уништување на шумите и ширењети на земјоделството доведуваат до климатски промени и луѓето во поблизок контакт со болестите на дивите животни, изјави Мандип Даливал, директорка за ХИВ, здравје развој во Развојната програма на Обединети нации.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болестите пандемијата со новиот коронавирус почна од лилјаците, а инфекцијата е поврзана со големите пазари за животни во кинескиот град Вухан.

– Заканата по белите дробови, како што е загадување на воздухот, предизвикано од употреба на фосилните горива, што исто така ги покренуваат климатските промени, ги прават луѓето ранливи на респираторните болести како коронавирусот, посочи Даливал.

Додека Лиз Диболд од калифорниската фондација Скол, изјави дека Ковид-19 ни понудил и некои позитивни лекции за климатската акција.

– Ковид-19 навистини ни покажа како човештото може да се обедини за заедничка цел, феноменално брзи промени се можни дури и за наизглед нерешливите проблеми, посочи Диболд.

Треба да знаете
Последни објави