Search

Пандев ја најави новата ѕвезда на Македонија по незаборавната вечер: Станува збор за роден лидер

Горан Пандев изминатава вечер сигурно ќе ја памети до крајот на својот живот, бидејќи против Летонија го одигра својот јубилеен 100-ти меч во македонската фудбалска репрезентација, достигнување за кое доби и стоечки овации од публиката на „Филип Втори“.

Македонскиот капитен ги разигруваше нашите фудбалери и тој беше креатор на водството од 2:0 во првото полувреме, па иако не постигна гол, тој имаше голема заслуга за победата од 3:1 над Летонија во која во прв план сепак се најде Елиф Елмас. Младиот играч за врска доби шанса на местото на повредениот Хасани, а довербата од селекторот Ангеловски ја оправда со два постигнати погодоци со кои стана вториот најмлад стрелец во историјата на македонската репрезентација.

По натпреварот, Пандев порача дека навистина е среќен што незаборавната вечер ја круниса со победа, но не пропушти да го испофали стрелецот на двата гола кој според него треба да биде иден лидер на националниот тим.

– Сите знаеме дека Елмас е голем талент. Знаеме со какви квалитети располага и среќен сум за него. Се надевам дека во иднина ќе има уште многу натпревари во националниот тим. Станува збор за роден лидер, тоа го покажува со прикажаната игра, се гледа дека може да биде лидер. Никогаш не е лесно да се влезе од клупа и да се постигнат два гола, а на него му успеа тоа. Има карактер и поседува харизма за да игра во поголем клуб, како и во најсилната репрезентација на Македонија, – заклучи капитенот.

Треба да знаете
Последни објави