Search

Пандев со Џенова ќе се спасува од испаѓање во последото коло

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација  Горан Пандев со екипата Џенова ќе се спасува од испаѓае од италјанската Серија А  во последното коло пред своите навивачи против Верона. На овој натпреавр Џенова сам си ја крои судбината. Со триумф останува дел од елитното калчолигашко натпреаврување и идната сезона, во спротивно ќе треба да се надева на помош од другите екипи.
Џенова претрпе убедлив пораз од 5-0 на гостувањето кај Сасуоло, а составот на Лече победи со 2-1 против Удинезе на гостински терен, па разликата на табелата меѓу овие дват тима е само еден бод во корсит на тимот на Пандев. В недела на домашен терен со победа Џенова обезбедува опстанок, во спротивно, доколку одиграат нерешено или загуби, нивната судбина ќе се решава на дуелот Лече – Парма, во кој домаќинот ќе мора да победи.
Серија А сигурно ја напуштаат Бреша и СПАЛ.
Треба да знаете
Последни објави