Search

Пандев со остра реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Престанете да го злоупотребувате моето име

ВМРО-ДПМНЕ, поточно партиската комисија за спот на оваа партија, без согласност ја презеле изјавата на нашиот фудбалер, Горан Пандев дадена за ФФМ во врска со коронавирусот и ја објавиле на нивната фан страница, во обид да ја изманипулираат јавноста и да ја претстават како изјава на Пандев во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

91281816_10157113047203202_487458490080559104_n

На оваа вешта манипулација остро реагираше лично Горан Пандев кој во моментот се наоѓа во Џенова, Италија, земјата која е најпогодена од COVID-19.

Тој преку својот Инстаграм профил упати порака до ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го злоупотребуваат неговото име.

“Почитувани, во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситно-политички игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име…Ова е време кога ние овде во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките….Секоја моја изјава, која ќе биде ставена во контекст на ПОЛИТИКА ќе ја демантирам. Поздрав од Џенова” – напиша Пандев.

91146472_10157113047283202_4401400068813357056_o

Треба да знаете
Последни објави