Search

Пандев одигра 20 минути, прв бод за Шевченко на клупата на Џенова

Андриј Шевченко го освои првиот бод во Серија А како тренер на Џенова, откако неговиот тим успеа да ремизира на гостувањето кај Удинезе кој исто така е во долниот дел на табелата.

Гостите од Мараси имаа среќа што освоија барем бод, бидејќи Удинезе постигна гол во судиското продолжение, но истиот беше поништен поради офсајд и така како конечни се покажаа почетните 0:0.

Разочарувачкиот меч покажува дека двата тима имаат многу работа пред себе во блиска иднина, а тоа особено важи за Шева кој на своите први два натпревари брзо сфати дека Џенова е во сериозна голгетерска криза.

Неговиот тим не постигна гол на двете средби со Рома и Удинезе, со тоа што домашниот голман денеска беше тестиран само два пати во текот на сите 90 минути.

Горан Пандев беше резерва и ги одигра последните 25 минути (вклучувајќи го и продолжението), а во спротивниот табор, Илија Несторовски не доби минутажа и се уште останува без настап по тешката повреда на коленото.

Треба да знаете
Последни објави