Search

Пандев одигра цел натпревар, ама Џенова пак минимално загуби

Џенова на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, петти натпревар по ред нема победа во Серија А, вечерва Грифоните загубија дома од Торино со 0-1, и ова е четврти минимален пораз за џеновјаните во меѓусебните пресметки со Биковите.

Стрелец на голот беше Бразилецот Бремер, на кого ова му беше прв гол на 13 настапи во Серија А. Пред да погодат гостите, домашните имаа неколку големи шанси, меѓу нив и Пандев (го одигра цел меч), а беше погодена и стативата. Џенова седум пати сезонава ги погоди рамките на головите, со што е меѓу најмалерозните екипи во лигата.

Треба да знаете
Последни објави