Search

Пандев: Македонија ќе игра без притисок на ЕП, а Белгија е прв фаворит за титулата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, со погодок на финачлниот дуел од Лигата на нации во Д-сегментот, против Грузија и обезбеди премиерен настап на Македонија на ЕП-2020, чија завршница ќе се игра идната година ширим „стариот континент“. Еден од најдобрите фудбалери на „црвено-жолтите“, рекордер по бројот на настапите и прв стрелец во државниот дрес Пандев (37 г.) со овој историски успех принудно си ја продолжи и својата кариера за уште една сезона за да биде во натпреаврувачки ритам за ЕП. Дека може сеуште многу да пружи и за репрезентацијата Пандев покажа во Тбилиси, крунисувајќи една добро изведена фудбалска акција со погодок.

– Кога беа познати групите во Лигата на нации, знаевме дека имаме шанса да се пласираме на Европското првенство од Лигата Д. Бевме најдобри во нашата група пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, а потоа не чекаше полуфинален бараж со Косово. Косово е солидна селекција, но игравме дома и не ја пропуштивме шансата да играме во финале. Господ не награди што игравме квалитетно во континуитет, момците веруваа во успех, како и селекторот Ангеловски кој заврши огромна работа во последните пет години. Одигравме фантастично во Грузија и можевме да победиме со поголема разлика – изјави Пандев во интервјуто за „Ал Џезира Балкан“.

Македонија ќе игра во групата која ќе се игра во Букурешт и Амстердам со селекциите на Австрија, Украина и Холандија.

– Ривалите во групата сите се фаворити на хартија во однос на нашиот тим. Но, кога играш без притисок нема што да загубиш, а можеш да направиш многу. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и дека ќе заземеме што подобра позиција во групата Ц – вели гол-мајсторо Пандев, кој во интервјуто го избира голот против Грузија како најомилен во неговата кариера.

Покрај очекувањата од премиерниот настап на Македонија, Пандев зборуваше и за тоа кои селекции се фаворити на претстојното ЕП.

– Играм во Италија и можам да кажам дека нивната репрезентација се врати на главната сцена. Франција и Германија секогаш се при врвот и фаворити, а мислам дека и Португалија и Холандија можат да се борат за титулата. Сепак, Белгија е меѓу најдобрите, играат заедно многу години и можеби е главен фаворит за титулата. И Хрватска може да има значајна улога, но променија важни репрезентативци и ги заменија со млади играчи. Ќе беше поубаво повеќе селекции од овој регион да беа на ЕП, додава Пандев.

– Во нашата група се Холандија, Украина и Австрија. Тие сите на хартија имаат предност, но кога играш растеретено и немаш што да загубиш, можеш да направиш многу. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и дека ќе заземеме што подобра позиција во групата Ц, – завршува Гоче кој во интервјуто го избира голот против Грузија како најомилен во неговата кариера.

Треба да знаете
Последни објави