Search

Пандев и Барди стрелци за рутинска победа против Летонија

Фудбалската репрезентација на Северна Македонија ја совлада Летонија на гостувањето во Рига со 2:0 во дуел од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година

Нашите репрезентативци одиграа одлично прво полувреме, во кое паднаа и двата гола. Фудбалерот на Џенова, Горан Пандев ја затресе мрежата на Летонците по асистенцијата на новата ѕвезда на Наполи, Елиф Елмас во 14 минута, додека Енис Барди го зголеми водството 3 минути подоцна, што се покажа и како конечен резултат од дуелот.

По очекуваната победа, составот на Ангеловски е на петтото место во групата „Г” со 8 бода (2 победи, 2 реми и 2 порази) со кои останува во трка за втората позиција на табелата. Полска е лидер со 13 бодови.

„Жолто-црвените” следниот меч од евроквалификациите ќе го играат против Словенија на 10 октомври во Скопје.

 

(Фото: Спортмедиа.мк)

 

Треба да знаете
Последни објави