Search

Пандев го постигна петтиот гол сезонава, но неговата Џенова повторно загуби

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Тој вечерва го постигна единствениот гол за Џенова во поразот од Рома (1:3) пред своите гледачи во 20. коло од италјанската Серија А.

За Пандев ова беше петти гол сезонава и е еден од најефикасните играчи на Џенова на која и претстои тешка борба за опстанок во Серија А, каде се наоѓа на претпоследното 19. место на табелата со 14 освоени бода.

Освен на Рома, Пандев гол им даде и на Сасуоло, Лече, Удинезе и Бреша.

Треба да знаете
Последни објави