Search

Пандев во Италија го пречекаа како херој: Сите сме заслужни за овој успех

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев доби одмор по пласманот на Европското првенство, по што се врати во Џенова, каде што го пречекаа како херој.

Сепак, Пандев со неговата изјава покажа дека е голем човек.

„Национален херој? Не сум единствен, сите сме херои од репрезентацијата, тоа е заслуга на сите. Ова чувство е неверојатно, ми се оствари сонот по 20 години во репрезентацијата. Конечно постигнавме нешто за што Македонија сонуваше три децении“, кажа Пандев.

Исто така, Пандев откри дека навивачите на Џенова со многу пораки му го честитале успехот со Македонија .

„Добив илјадници пораки и им се заблагодарувам на сите, иако не успеав да им одговорат на сите“, вели капитенот.

Треба да знаете
Последни објави