Search

Панајотопулос: Ако Турција ги премине „црвените линии” должни сме да реагираме

Ако се прекршат црвените линии и се засегнати суверените права на земјата, тогаш мора да има реакција, вели министерот за одбрана на Грција, Никос Панајатопулос за утринска информативна емисија на грчката телевизија „Антена”, коментирајќи ги последните изјави од официјална Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.

-Мислам дека е должност на правната грчка држава и на политичкото раководство да кажува јасно дека постојат црвени линии и ако овие се прекршат и се задираат суверените права на земјата, тогаш државата е должна да реагира. Секако не е должна да седи безгрижно и неактивно. Во овој контекст, освен дипломатските активности се испитуваат сите сценарија , дури и она на воен ангажман, рече Панајотпулос истакнувајќи дека никој не посакува да се стигне до тој степен.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, министерот за одбрана на Грција, коментирајќи ја изјавата на неговиот турски колега за демилитаризација на грчките острови, вчера, рекол дека „сѐ што е под закана не се демилитаризира Грција не провоцира, не ги крши суверените права на другите, но не сака да биде провоцирана и да се навредуваат нејзините права.

Треба да знаете
Последни објави