Search

Паметен уред за луѓето со оштетен вид

Паметен уред за луѓето со оштетен вид

Израелски иноватори создадоа „паметен уред“ што може на лицата со оштетен вид да им овозможи поисполнет и поквалитетен живот. Направата се вика Ор-кам (OrCam), има големина на шише и се прикачува на рамката од очилата.

Концептот вклучува камера и микрофон, а програмата може да чита на 19 јазици и да го претвора напишаното во звук. Со направата, лицето може да распознава и ликови, предмети, производи, бар-кодови, бои, улици, да брои пари и да гледа на часовник.

Уредот од вчера може да се купи и во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави