Search

Палестински политичар на црвениот список на Турција

Турција го додаде протераниот палестински политичар Мохамед Дахлан на својот црвен список на најбарани осомничени терористи, нудејќи награда до 10 милиони лири (1,75 милиони долари) за информации што би довеле до негово апсење, пренесе „Ројтерс“.

Издадени се налози за апсење за Дахлан под обвинение дека тој одиграл значајна улога во обидот за државен удар во 2016 година во Турција, во обид да го смени уставниот поредок со сила, како и разни обвиненија за шпионажа, наведува турското Министерство за внатрешни работи.

„Ројтерс“ исто така соопшти дека Дахлан неодамна отворено го критикувал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави