Search

Палестински затвореници почнаа штрајк со глад во израелски затвори

Најмалку 250 Палестинци во израелските затвори почнаа штрајк со глад во знак на протест поради преместувањето во изолирани ќелии, соопштија денеска палестинските власти.

Штрајкот со глад предводен од екстремистичкиот Исламски џихад изби во време на зголемени тензии во израелските затвори по неодамнешното бегство на шестмина затвореници од затворот во северен Израел, за кој се сметаше дека е добро чуван.

Сите шестмина беа уапсени во рок од неколку недели, но бегството е срам за израелските власти, а Палестинците го поздравија, потсетуваат светските медиуми.

Во моментов Израел во затвори држи повеќе од 4.600 Палестинци.

Меѓу затворениците има екстремисти осудени за смртоносни напади врз Израелци и политички активисти, демонстранти и тинејџери уапсени за фрлање камења врз израелски војници.

Затворениците се организираат по политички фракции, а отстапки обезбедуваат со штрајкови со глад и други заеднички акции.

Треба да знаете
Последни објави