Search

Пакистан разместува воена опрема близу до индиската граница

Пакистанската војска започна да пренесува воена опрема во воздухопловната база „Скарду“, во близина на територијата Ладах на индиско-пакистанската граница, јави новинската агенција АНИ повикувајќи се на извори во индиската влада.

Според изворите, воената опрема што се транспортирала до базата би можела да ја поддржува опремата за воздушни операции. Изворите веруваат дека следниот чекор што ќе го преземе Исламабад најверојатно ќе биде распоредување на борбените авиони JF-17 на пистите во „Скардо“.

Во извештаите се вели дека распоредувањето на авионите може да значи дека пакистанската војска има намера да спроведе вежба на воздухопловните сили и на копнената војска.

Ниту Исламабад, ниту Њу Делхи досега не ја потврдија оваа информација.

Њу Делхи го укина Членот 370 од Уставот на Индија, кој со децении им гарантираше на Џаму и на Кашмир одреден степен на автономија и ги подели на две територии со федерално управување.

Регионот е камен на сопнување меѓу Индија и Пакистан откако двете земји добија независност од британското колонијално владеење во 1947 година. Двете нации управуваат со различни делови на регионот, но и двете тврдат дека имаат право на целиот регион. Тие водеа и две војни поради Кашмир.

Треба да знаете
Последни објави