Search

Пакистан: Напаѓачи киднапираа автобус и убија 14 лица

Вооружени напаѓачи утрово убија 14 лица во патнички автобус во провинцијата Балуџистан, во југозападен Пакистан.

Преживеаните и кажале на полицијата дека напаѓачите селективно ги убивале патниците откако ќе го утврдиле нивниот идентитет. Меѓутоа, не е познато, по која идентификациска основа биле ликвидирани патниците.

Во Балуџистан активни се сепаратистите, кои главно напаѓаат луѓе од друга националност, како и исламистичките екстремисти чија цел главно се малцинските шиити.

Треба да знаете
Последни објави