Search

Пакистан: Ако нè нападне Индија, ќе одговориме со сета сила

Пакистанската војска е подготвена на секој напад од Индија да одговори со „сета сила”, изјави денеска портпаролот на пакистанската војска, генерал Асиф Гафур.

– Ние немаме намера да почнуваме војна, но ќе одговориме со сета сила на заканите. Не се задевајте со Пакистан, истакна Гафур.

Неговата изјава следува откако Индија се закани со остар одговор по минатонеделниот самоубиствен напад во кој загинаа 49 индиски полицајци, за кој одговорност презеде една пакистанска екстремистичка група.

Треба да знаете
Последни објави