Search

Пакистанскиот шеф на дипломатија тврди дека Индија стои зад терористички групи во Балучистан

Њу Делхи ги спонзорира терористички активности во југозападна провинција Балучистан во Пакистан во обид да ја дестабилизира ситуацијата во земјата, тврди министерот за надворешни работи, Махдум Шах Мехмуд Куреши, пренесува РТ.

Индија е вмешана во терористичките напади во Балучистан, изјави Куреши, додавајќи дека терористите ги користат териториите на Иран и Авганистан за спроведување на напади против неговата земја.

Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии меѓу Њу Делхи и Исламабад кои драматично ескалираа во февруари по индиски воздушен напад на пакистанска територија.

Индија тврдеше дека ги напаѓа камповите на исламистичките милитанти, кои ги бомбардираа нејзините војници во делот од Кашмир контролиран од Индија. Пакистан, пак, го обвини својот сосед дека го прекршил неговиот суверенитет.

Разгорувањето на тензиите доведе до прекугранично гранатирање и отворена воздушна борба меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави