Search

Пакистанската армија соборила индиски дрон за набљудување во Кашмир

Мало индиско воено шпионско беспилотно летало било соборено на Линијата за контрола (ЛОЦ) во спорниот регион Кашмир откако летало во подрачјето под контрола на Пакистан, соопшти армијата на Пакистан, пренесува РТ.

„Еден квадкоптер навлезе 600 метри на територијата на Пакистан за спроведување надзор пред да биде соборен од пакистанските војници,“ соопшти пакистанската армија, обвинувајќи го Њу Делхи за кршење на договорот за прекин на огнот од 2003 година.

Индиската армија сè уште не го коментираше инцидентот.

Прекуграничното гранатирање често се случува по должината на ЛОЦ, при што обете страни меѓусебно се обвинуваат за иницирање непријателства. Претходно овој месец, индиската армија го обвини Пакистан дека пукал со мало оружје и минофрлачки оган во Кашмир и ранил шест индиски безбедносни лица.

Треба да знаете
Последни објави