Search

Пакистанската армија годинава соборила девет индиски разузнавачки дронови

Пакистанските трупи собориле, како што објаснија, индиско разузнавачко беспилотно летало што навлегло во спорниот регион Кашмир, во услови на тензии меѓу двете нуклеарни соседки, соопшти пакистанската армија доцна синоќа, пренесе ДПА .

Ова е деветти индиски дрон што годинава е соборен од пакистанските армиски сили, наведува секторот за односи со јавноста на пакистанската армија (ИСПР).

Армијата соопшти дека индискиот дрон навлегол  850 метри во пакистанската страна на Линијата за контрола (ЛОЦ),  што де факто е границата што го дели Кашмир на два дела, контролирани од Пакистан и Индија.

Трагичните погранични престрелки во Кашмир повторно избувнаа откако Индија во август минатата година и ги одзеде специјалните уставни права на оваа територија, додава германската агенција.

На почетокот на овој месец, најмалку четворица пакистански цивили беа убиени кога индиските погранични сили гаѓаа села во спорната долина, неколку дена по смртоносните судири меѓу индиските и кинеските трупи во истиот регион, пренесува ДПА.

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека само во 2020 година Индија извршила 1.487 нарушувања на прекинот на огнот долж Линијата на контрола (ЛОЦ), во кои досега загинале 13 цивили, а 106 се повредени.

Две од трите војни меѓу јужноазиските соседи и ривали се водеа токму за  хималајската долина Кашмир, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави