Search

Пазарот преполн со новогодишни сијалици кои предизвикуваат пожар

Македонскиот пазар е преполн со опасни новогодишни сијалици кои предизвикуваат струен удар- дознава 24 инфо. Дел од сијалиците се запленети и тргнати од продажба, но има и такви кои веќе завршиле на новогодишните елки на Македонците. Ако веќе сте се почестиле со нови, внимавајте. Ако пак сте среќлија кој ја чува фискалната сметка, најдобро вратете ги. 

Валентина Ангеловска

Во Пазарната инспекција потврдуваат дека покрај опасните играчки кои минаатиотмесе беа дел од полиците на продавниците за играчки, сега се пронајдени и опасни сијалички.

Каблите се многу тенки и небезбедни, приклучокот несоодветен. Опасноста од струен удар е присутна и при вклучување, но и додека работат- вели Стојко Пауновски, директор на инспектортот. Тој објаснува дека најголем дел од нив се веќе тргнати од продажба, но контролите продолжуваат.

-Освен сијалички најдена е и облека која е опасна за децата. Посебно родителите треба да внимаваат на врвките околу вратот на дуксерите- велат во Инспекторатот.

Ова е нова опасност која ги демне децата по опасните детски играчки кои минатиот месец беа тргнати од полиците на познат ланец продавници. Играчките тогаш беа оценети како небезбедни од страна на Пазарниот инспекторат и повлечени од продажба. Опасни играчки тогаш беа најдени во неколку градови во државава, но најголема количина во Скопје и Битола.

Новата акција на инспекторите доаѓа по обуката од експерти од Босна и Херцеговина со кои разменуваа искуства со нашите пазарни инспектори. По неа следат големи акции од нивна страна пред новогодишните и божиќните празници.

Контролите не се нова работа за инспектортот. Секој месец по две играчки и гардероба се отстранувани од пазарот во земјава со образложение дека се опасни за употреба . Детски дубаци, пиштоли, нараквици за бебе, но и дуксери и цели детски компплети облека се само дел од запленетите опасни производи од страна на Пазарниот инспекторат годинава.  На листата се дваесетина производи, а потеклото на истите веќе не е само кинеско. Има играчки и дуксери од Турција, а увозниците не се само од Скопје. Има од Струга, Велес,Тетово. Производите се веќе запленети и тргнати од рафтовите. За разлика од лани кога се откриени само два производи кои се оценети како небезбедни , годинава оваа бројка е десет пати поголема.

Цела работа започна пред скоро еден месец откако Европската комисија за потрошувачи излезе со предупредување дека на европскиот пазар циркулираат небезбедни играчки.

За да бидат задоволни потрошувачите, Комисијата за потрошувачи и Државната агенција за метрологија и технички надзор повторно ја започнаа кампањата „За побезбеден Божик“. Седмата година по ред, нејзината цел е да ги заштити граѓаните од опасните производи што го поплавуваат пазарот во ова време од годината- стоеше тогаш во нивното соопштение.

Во соопштението стои дека на пазарот има играчки со батерии.

-Децата, исто така, имаат лесен пристап до батериите на играчките.  Дури и дасе купат гумени играчки треба да се внимава. И тие претставуваат закана. Прво, поради нивото на звучен притисок, кое не треба да надминува 65 децибели, и второ, поради уредот што емитува звук- велат експертите.

Но, не само играчките можат да бидат опасни. Здравјето на потрошувачите е загрозено од пиротехника и електрични украси.

Не сме надлежни за петарди

На прашање на 24 инфо што е со контролатана петардите кои енормно ги има на пазарите во Пазарниот инспекторат ни рекоа дека тие можат да ги контролираат и одземат само во организирана акција.

– Потребно е да се организира заедничка акција со Царина и МВР- велат во Инспекторатот.

Треба да знаете
Последни објави