Search

Пад на водостојот на поголем дел од реките во однос на вчерашниот ден

Пад на водостојот во однос на вчерашниот ден се бележи кај поголем дел од реките во земјава.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека нивото на реката Вардар е пониско на сите мерни места, освен кај Демир Капија. Пониско е и нивото на Лепенец, Пчиња, Црна Река и Црн Дрим. На исто ниво како вчера е водостојот на Брегалница, Крива Река, Радика и Сатеска. Мал пад на нивото има и кај Дојранското и Преспанското Езеро, а Охридското Езеро е на исто ниво како вчера.

Треба да знаете
Последни објави