Search

Пад во продажбата и извозот на автомобили во Турција

Повеќе од 735.000 автомобили биле произведени во Турција во првата половина од 2019 година што, според извештаите, претставува пад од 13 проценти на производството за разлика од лани.

Во извештајот на Здружението на производители на автомобили се наведува дека извозот на автомобили во земјата достигнал речиси 15,6 милијарди долари во шестмесечниот период, што е за 7 отсто помалку од претходната година.

Здружението, исто така, истакна дека вкупниот пазар на автомобили во Турција опаднал за 45 проценти годишно на 200.901 возила.

Водечките меѓународни производители на автомобили, меѓу кои и Форд, Хонда, Хјундаи, Тојота, Мерцедес и Рено, имаат фабрики во Турција, што ја прави земјата да биде еден од најдобрите пазари за продажба на автомобили во светот, пишува „БГНЕС“.

Треба да знаете
Последни објави