Search

Падна снег во Далмација

Во највискоите предели на Далмација падна снег, а во многу делови паѓало и дожд во голема количина. Во Конавле паднаа 70 литри дожд на квадратен метар, а во Каштела во близина на Сплит повеќе од 40 литри, јавија хрватските медиуми.
И во повисоките делови на Динара и Камешница, а на динарскиот врв Велика Дувњакуша температурата беше под нулата, со повремено провејување на снег.
Снег и мраз имаше на највисоките врвови во Далмација, на Динара и Велебит.
Во последните 24 часа во многу делови на Далмација паднаа големи количини на дожд, а на планините повисоки од 1.500 метри паѓаше и снег.
Утре попладне се очекува намалување на врнежите од дожд и снег, а нови стигнуваат во вторник. За време на викендот температурите на воздухот паднаа во однос на минатите денови, а најголем пад е забележан на планините.

Треба да знаете
Последни објави