Search

Падна платформата за онлајн учење, учениците не можат да се логираат

Од денеска голем број родители на помалите ученици, но и учениците од погорните одделенија кои се обидуваат да се вклучат на веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење жалат дека не може да се логираат.

Некои пак кои ќе успеат да влезат на платформата преку адресата www.schools.mk, за кусо време го имаат истиот проблем.

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

-Ова е очекувано, затоа служи тестирањето, тоа е поентата, да се види издржливоста на платформата – велат од МОН за „Слободен печат“, додавајќи дека не станува збор за некаков проблем со платформата.

Министерството за образование ги информираше родителите на учениците од четврто и погорните  одделениа дека треба да се има интернет приклучок во домот на детето и дека неговиот компјутер (лаптоп) треба да биде минимум седма генерација i3 процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалетен AMD процесор, минимум 4 GB RAM меморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024 х 768 резолуција, минимум 128 MB графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows 10, уредот да има USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера, а исто така треба да има звучници и микрофон

 

Треба да знаете
Последни објави