Search

Падна Владата на Молдавија, пратениците изгласаа недоверба

Владата на Молдавија падна поради изгласување недоверба, пренесува „Ројтерс“ и предупредува дека паѓањето на владата само пет месеци откако проевропската премиерка Маја Санду ја презеде функцијата дополнително ја загрозува стабилноста на земјата.

Владата падна откако 63 од 101 пратеник гласаа за предлогот за изгласување недоверба.

Пред пет месеци, Санду формираше несигурна коалиција со проруската Социјалистичка партија, но сојузот се распадна заради предложената реформа на именувањето на јавниот правобранител.

Партиите сега имаат 90 дена да формираат нова влада. Ако не успеат да се договорат ќе бидат распишани нови парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави